Loading Video...
Фудбал
3. January 2022 - 10:45

Барселона фаќа приклучок во горниот дел од табелата на Ла Лига

Екипата на Барселона полека се враќа онаму каде што припаѓа, во горниот дел од табелата на шпанската Ла Лига
 
Во натпревар од 19 коло, Барселона забележа минимална победа на гостувањето кај Мајорка со 1-0. 
 
Иако на овој дуел тренерот Чави неможеше да смета на повеќемина стандардни првотимци, сепак, оние кои настапија, се изборија за освојување на трите бодови. 
 
А, до нив, Барселона стигна благодарение на голот на Лук Де Јонг постигнат во финишот на првиот дел односно 44-минута, како и одличната интервенција на голманот Терштеген во последните мигови од мечот, кога Германецот не и дозволи на Мајорка да стигне до израмнување. 
 
Каталонскиот тим сега се проби на петото место на табелата со 31 бод, еден повеќе од Рајо Вањекано кој вчера беше поразен од Атлетико тим кој е на четвртотото место со бод повеќе од Барселона.   
 
Лидер и натаму е Реал кој беше изненаден од Гетафе, а на второто место со 8 бодови помалку е Севиља која покрај вечерашниот меч со Кадиз има уште еден помалку од „кралевите“.