-->
-->
Барсa со 6 гола го испрати Гетафе од „Камп Ноу’’
-->
Актуелниот првак на Шпанија, екипата на Барселона, оствари нова убедлива победа во Примера. Овој пат „жртва„ на Барселона беше Гетафе тим кој од гостувањето на „Камп Ноу“ во Мадрид се враќа со шест гола во својата мрежа.
Серијата на голови ја отвори фудбалерот на гостите Хуан Родригез со автоголот во 8-минута. По два гола постигнаа Лионел Меси и Нејмар, а во листата на стрелците се запишаа и Мунир Ел Хадади и Турчинот, Арда Туран.
Ова беше првиот од четирите натпревар кои ќе се играат денеска, а се во рамките од 28.коло.
На останатите три ќе се сретнат:
Селта Виго - Сосиедад,
Атлетико Мадрид - Депортиво Ла Коруња и
Рајо Ваљекано – Еибар.
И за утре закажани се четири средби:
Леванте – Валенсија,
Севиља – Виљареал,
Атлетик Билбао – Бетис и
Лас Палмас - Реал Мадрид,
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот Гранада – Еспањол.
Табела:
Барселона 75 бодови,
Атлетико Мадрид 64,
Реал Мадрид 60,
Виљареал 53,
Севиља 45,
Атлетик Билбао 44,
Селта 42....
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вести од светот
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања
-
Експерти: ЕУ не може да гарантира дека ќе запрат бугарските барања, потребна е волја за дијалог