Loading Video...
Кошарка
24. April 2021 - 11:15

Барса по продолжение го совлада Зенит за израмнување на 1:1, а ЦСКА и по втор пат подобра од Фенербахче

Фаворизираната Барселона мака мачи во дуелите против Зенит во четвртфиналето на Евролигата.
 
Откако пред три дена рускиот тим го доби првиот меч, во вториот, повторно одигран на теребот на Барселона, се радуваа домашните кошарари. И овој меч донесе големи возбудувања, па по регуларните 40-минути немаше победник, а резултатот гласеше 66-66. Во дополнителните пет минути повеќе нерви и среќа имаа домаќините кој го добија продолжението со 15-12, па со конечни 81-78 се радуваа на победата, за израмнување на резултатот на 1:1 во победи во серијата подобар до три. 
 
Затоа пак московска ЦСКА немаше многу мака во дуелот со Фенербахче. Бодрени од 5-илјадната публика, домашните кошаркари славеа со 78-67 со што поведоа со 2:0 во победи, па сега се на еден триумф до пласман на Фајнал-форот, односно полуфиналето. 
Сега сериите се селат во Санкт Петерсбург и Истанбул, а следните (трети) натпревари на програмата се во среда
 
Потсетување дека предност од 2-0 во победи имаат и екипите на Анадолу Ефес во пресметката со Реал Мадрид како и Армани Милано кој за противник го има минхенски Баерн