-->
-->
Барса не го „испушта“ Реал
-->
Барселона и Реал забележаа рутински победи во 10.коло, во шпанската Примера, со 24 бодови се наоѓаат на делба на првата позиција на табелата пред „Ел Класико“ кое на програмата е наредната недела.
Барселона гостуваше кај Хетафе и славеше со 2:0. Барса постигна по еден гол во секое полувреме, најпрвин Луис Суарез погоди во 37.минута, а конечниот резултат го постави Нејмар во 58.минута. Асистент кај двата гола беше младиот Серхио Роберто.
Реал против Лас Палмас ги штедеше силите за престојното дерби со Барселона и прашањето на победникот го реши уште во првото полувреме. Иско и Роналдо постигнаа голови во првите 15 минути од натпреварот, потоа Ернан намали на 2:1 во 38.минута, а пет минути подоцна конечните 3:1 ги постави Хесе.
Валенсија во градската пресметка со Леванте славеше со 3:0, а головите во периодот од 64. до 80.минута ги постигнаа Пако Алкасер, Фегули и Бакали.
Виљареал ја прекина серијата од три натпревари без победа откако на „Ел Мадригал“ триумфираше над Севилја со 2:1. Гаспар и Бакамбу беа стрелци за ‘жолтата подморница’, а голот за Севилја го постигна Љоренте.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор