Бараж за СП: Македонија повторно носител
Македонија од позиција на носител ќе го очекува противникот во баражот за пласман на Светското првенство во ракомет кое за една година ќе се одржува во Германија и Данска. Бараж-двојките ќе бидат извлечени в сабота, во Хрватска.
Директен пласман на Светското првенство веќе изборија домаќините Данска и Германија, односно актуелниот шампион, Франција, а квалификации нема да игра и една од овие две селекции Шведска и Шпанија.
Двете се во полуфиналето, Шведска игра против Данска, а Шпанија против Данска. Која репрезентација ќе оствари подобар пласман, ќе си обезбеди и виза за Мундијалот наредната година.
Ова значи дека во првиот шешир на саботната ждрепка покрај Македонија ќе бидат уште Шведска или Шпанија, односно Норвешка, Белорусија, Србија, Чешка, Хрватска, Словенија и Исланд.
Во вториот шешир ќе бидат: Унгарија, Црна Гора, Австрија, Португалија, Литванија, Холандија, Романија, Русија, односно Босна и Херцеговина (или Швајцарија – одлуката ќе ја донесе ЕХФ која треба да се произнесе по жалбата на Швајцарците бидејќи за БиХ во нивниот решавачки дуел играл играч кој не бил во протоколот).
Светското првенство во Данска и Германија ќе се одржува од 9 до 27 јануари наредната година.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани