Бизнис
4. February 2019 - 19:32

Бањите да се регулираат како туристички центри и здравствени организации

Терминалните бањи да се регулираат како туристички центри во Законите за туристичка и угостителска дејност, по примерот на соседните земји, бара најголемата комора во земјава. На тој начин, бањите ќе мора да ги поделат своите капацитети за туристички и за здравствени услуги.

-Доколку сакаат тие да примаат, ќе мора еден дел од своите објекти да ги дефинираат исклучително како угостители објекти за намена на туристи, вели Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Од Комората бараат статусот на бањите да се регулира и со Законот за здравствена заштита. Тие се изоставени од Законот донесен во 2012 година, па не можат да функционираат како здравствени организации.

-Нашиот предлог е конкретен. Во два члена од Законот за здравствена заштита да се предвират природните лекувалишта, рече Михајловска Василевска.

Лани, за 11 месеци бањите ги посетиле 12 и пол илјади туристи, а биле уплатени над 100.000 ноќевања. Сепак, нивните капацитети не се целосно искористени, бидејќи можат да реализираат тројно повеќе ноќевања.