Loading Video...
Спорт плус
11. September 2021 - 15:15

Бањаја и Милер од Дукати најбрзи во квалификациите за Гранд-прото на Арагон

Во Мото ГП шампионатот утре на програмата е 12-тата трка која ќе се вози за големата награда на Арагон.
 
Двајцата членови на тимот на Дукати, остварија најдобри резултати на денешните квалификации. Така утре од првата стартна позиција трката ќе ја започне Италијанецот, Франческо Бањаја пред Австралијецот, Џек Милер. Првиот стартен ред ќе го пополни Французинот, Фабио Квартараро од Јамаха. 
 
За оваа тројка, се петмина Шпанци, предводени од Марк Маркез кој ќе ја има четвртата стартна позиција. 
 
Потсетување дека во пресрет на утрешната трка, лидер во Генералниот пласман е Французинот, Квартараро кој има 206 бодови, а далеку зад него се Шпанецот, Жоан Мир (Сузики) со 141 и Французинот, Жоан Зарко (Јамаха) 136 бодови