Бан Ки-мун повика да се спречи ширењето на насилниот екстремизам
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ги повика сите држави членки на светската организација, вкупно 193, да развиваат национални акциони планови за спречување на ширењето на насилниот екстремизам.
Во извештајот за Генералното собрание на ОН Бан Ки-мун истакна дека брзата експанзија на идеологијата на насилниот екстремизам во различните делови на светот е тоа што денеска најмногу загрижува и алармира.
Генералниот секретар на ОН повика на акции кои се „остри и далекусежни, како што е и самиот феномен“, пренесоа американските медиуми.
Според него, националните планови треба да се фокусираат на спречувањето на конфликти и промоција на дијалогот, зајакнување на човековите права и владеење на правото, како и на вклучување на заедниците со долга историја на недоверба.
Тој предложи и унапредување на целосната еднаквост и инвестирање во образованието и создавањето работни места, како и борбата против медиумските пораки кои луѓето ги тераат кон насилен екстремизам.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, Министер за одбрана
-
Во Струмица едукација на младите за селекција на отпадот
-
Жените-земјоделки иако се столб на фамилиите, ниту се доволно препознати ниту доволно платени
-
Темелно ќе се работи на проблемот да се задржат младите
-
Тошковски: Нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните
-
МВР ќе врши зголемена контрола, полициско обезбедување во училиштата по обидот за силување на малолетник
-
Мицкоски го подготвува писмото до европските лидери
-
Заедничка алпинистичка вежба на полициската „ЕБР“ и армиските „Волци“