Бајден укажа каде САД ќе ги испраќаат неискористените вакцини
Претседателот Џо Бајден денеска укажа конкретно кои земји ќе бидат приматели на првата транша 25 милиони дози вакцини против Ковид-19 од вкупно 80 милиони што САД се спремат да ги донираат во јуни.
Според него, САД ќе донираат речиси 19 милиони дози во Ковакс, меѓународна програма за размена на вакцини. Во рамките на програмата, околу 6 милиони дози ќе бидат испратени во Јужна Америка и карипските земји, околу седум милиони дози ќе бидат испратени во Јужна и Југоисточна Азија и околу пет милиони дози во Африка.
Останатите шест милиони дози САД ќе испратат директно во такви земји како Канада, Мексико, Индија и Јужна Кореја.
– Ги споделуваме вакцините за да спасиме животи и да бидеме први во светските напори за запирање на пандемијата, но и да ги инспирираме другите со нашиот пример и своите вредности, изјави Бајден.
Вакцините се произведнеи од американските фармацевти Модерна, Фајзер/БиоНТек и Џонсон и Џонсон. Админисрацијата исто така планира да донира и дополнителни 60 милиони дози на вакцини на АстраЗенека.
Според Бајден, сите 80 милиони дози ќе бидат распределени во јуни.
Ново на Сител
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата