Бајден: Странското воено присуство во Ирак треба да биде одобрено од Багдад
Земјите кои одлучуваат да испратат свои вооруижени сили во Ирак треба да добијат согласност од Владата во Багдад, изјави американскиот заменик претседател Џозеф Бајден во телефонскиот разговор со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Белата куќа соопшти дека Бајден во телефонскиот разговор со Давутоглу го поздравил повлекувањето на турската армија од кампот Башика, каде се обучуваат Пешмергите.
Тој потенцирал дека станува збор за важен чекор насочен кон намалување на тензиите во односите меѓу Багдад и Анкара.
Бајден и Давутоглу изјавиле дека САД и Турција се залагаат за суверентитетот и територијалната целост на Ирак.
Американскиот заменик претседател посочил и дека Анкара треба да го продолжи дијалогот со Багдад со цел подобрување на билатералните односи.
- САД планираат да ја поддржат тесната соработка меѓу Ирак и Турција во борба против терористичка група Исламска држава, наведе Бајден.
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години