Свет
12. November 2020 - 10:22

Бајден разговараше со клучните американски сојузници во Азија

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска за првпат, одделно, разговараше со лидерите на Јапонија, Јужна Кореја и Австралија и притоа тројцата му ја пренеле подготвеноста на нвините земји за зајакнување на соработката, особено околу климатските промени, пандемијата на коронавирусот и регионалната безбедност.

Тројца клучни сојузници на САД во Азија, јапонскиот премиер Јошидо Суга, јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и австралискиот премиер Скот Морисон им се придружија на другите лидери во признавањето на победата на демократскиот кандидат на изборите во САД.

-Бајден изјави дека со нетрпение го очекува зајакнувањето на американско-јкапонскиот сојуз и соработува во постигнувањето слободен и отворен Индо-пацифички регион, изјави Суга.

Суга и Мун изјавиле дека се согласиле да организираат самит со Бајден, веднаш по неговата инаугурација во јануари.