Бајден одобри испорака на противпешадиски мини на Украина, целта е да се запре рускиот пробив
Американскиот претседател Џо Бајден одобри испорака на противпешадиски мини за Украина, потег што може да помогне да се забави рускиот напредок на нејзиниот исток, особено кога се користи заедно со друга муниција од САД.
Соединетите Американски Држави очекуваат Украина да користи мини на своја територија, иако вети дека нема да ги користи во областите населени со свои цивили, изјави американски официјален претставник.
САД ја снабдуваа Украина со противтенковски мини во текот на војната со Русија, но додавањето на противпешадиски мини има за цел да го забави напредувањето на руските копнени трупи, додаде официјалниот претставник.
Американските мини се разликуваат од руските бидејќи се „непостојани“ и стануваат инертни по однапред одреден период.
За детонација им е потребна батерија и нема да експлодираат откако таа ќе се испразни.
Украина вчера употреби американски ракети ATACMS за напад на руска територија, искористувајќи ја новата дозвола од администрацијата на Бајден на 1,000-тиот ден од војната.
Москва соопшти дека употребата на ATACMS, ракетата со најдолг дострел што Вашингтон досега и ја испорача на Украина, е јасен сигнал дека Западот сака да го ескалира конфликтот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство