Бајден и Макрон разговараа за прекин на огнот во Либан
– Претседателот на САД и на Франција, Џо Бајден и Емануел Макрон синоќа телефонски разговараа за можноста за прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах во Либан, соопшти Белата куќа.
Како што се наведува во соопштението Бајден и Макрон се договориле „да останат во контакт, директно и преку своите тимови за државна безбедност“.
САД и Франција на крајот од септември иницираа предлог за прекин на огнот во Либан, што не беше прифатен, но тие сè уште работат на тоа.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Амос Хохштајн изминатите денови беше во посета на Либан и на Израел во обид да постигне примирје.
На 23 септември израелската армија изврши големи напади во Либан против Хезболах, кој од 7 октомври 2023 година со нападите врз Израел го поддржува палестинскиот Хамас, против кого Израел оттогаш води војна во Појасот Газа.
Израел соопшти дека ќе го уништи Хезболах, што ќе овозможи враќање на 60,000 жители на северен Израел раселени поради конфликтот.
Од октомври минатата година во судирите помеѓу Израел и Хезболах загинаа 3,558 луѓе во Либан и 82 војници и 47 цивили убиени се во Израел.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Ќе ги поддржуваме кандидатите за членство на нивниот пат кон ЕУ се додека не бидат подготвени да ни се приклучат
-
Арсовска повторно не се појави на седницата за советнички прашања
-
80-годишен битолчанец се самозадоволувал на тераса пред 42-годишната сосетка
-
Фон дер Лајен: Европската Унија мора брзо да ги зголеми трошоците за одбрана
-
Свечена церемонија по повод 55 години од формирањето на Одделот за воздухопловни единици при МВР
-
Фрлени две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан во северно Косово
-
Муцунски се сретна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Сарацин
-
Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност