Бајден го предупреди палестинскиот претседател Абас да го запре ракетирањето
Американскиот претседател Џо Бајден изрази голема загриженост до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со ескалацијата на насилството, потврдувајќи го „правото на Израел да се брани од нападите на Хамас”, истовремено предупредувајќи го палестинскиот претседател Махмуд Абас да престане да го ракетира Израел.
Бајден исто така рече дека е загрижен за безбедноста на новинарите откако зградата во која се наоѓа канцеларијата на американската новинска агенција АП во Газа беше урната во израелски напад, се вели во соопштението на Белата куќа.
„Претседателот изрази силна поддршка за правото на Израел да се брани од ракетни напади на Хамас и други терористички групи во Газа” и „ги осуди овие неселективни напади врз градовите во Израел”, се вели во соопштението.
Тој, исто така, изрази „голема загриженост во однос на насилството меѓу заедниците во Израел”, додавајќи дека „оваа сегашна фаза на конфликтот трагично ги чинеше животите на израелски и палестински цивили, вклучително и деца”.
Бајден разговараше и со Абас, првпат по стапувањето на должноста претседател на САД и му порача дека Хамас мора да ги запре ракетните напади врз Израел.
Тој истакна „силна поддршка за решение според моделот – две држави со кое ќе се стави крај на израелско-палестинскиот конфликт”, соопшти Белата куќа.
САД го сметаат Хамас за терористичка организација.
Од своја страна, Абас го обвини Израел за воени злосторства и етничко чистење.
– Израелските окупатори прават воени злосторства и етничко чистење против Палестинците во Ерусалим, рече Абас. Тој исто така ги повика сите Палестинци да се обединат и да му се одмаздат на Израел.
Ново на Сител
-
Владата го усвои Дополнетиот предлог-буџет за 2022 година
-
Над 25.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција и над 5.000 реинфекции
-
Давеник во Охридското Езеро во близина на Струга
-
Николоски се сретна со Ламбе: Тој не е пироман, тој е ѕвезда и горд Македонец
-
Загинаа две лица откако врз нив падна кран - МВР со детали за несреќата
-
Пукање во Ласкарци: Убиен 34-годишник
-
Ковачевски: Присуството на Шарл Мишел значи поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија
-
Мицевски: Ќе се формираат работни групи кои ќе работат на предлог-забелешките, утре прва средба