Бајден до централноевропските земји од НАТО: Ништо што е за вас нема да биде одлученo без вас
Американскиот претседател Џо Бајден им вети на членките на НАТО од Централна Европа дека без нив нема да се носат одлуки за регионот, информира советничката на литванскиот претседател Аста Скаисгирите.
Бајден ги увери сојузниците дека ништо нема да биде договорено со Русија за регионот зад земјите од регионот, изјави Скаисгирите пред новинарите.
– Бајден рече: Ништо за вас без вас, истакна Скаисгирите
Бајден разговараше со централноевропските лидери од НАТО кои се граничат со Русија, Белорусија и Украина: Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија.
Тој рече дека се можни „дополнителни воени капацитети“ во тие земји, иако не ги наведе можните локации, појасни Скаисгирите.
Бајден рече дека Украина е „суверена држава која мора да одлучи за својата иднина“ и го предупреди рускиот претседател Владимир Путин на „многу сериозни последици, координирани со европските партнери“ доколку Русија ја нападне Украина, соопшти Скаисгирите.
„Европските безбедносни прашања мора да се разговараат со сите членки на НАТО, а земјите надвор од Алијансата немаат моќ да стават вето на одлуките на НАТО“, твитна естонскиот претседател Алар Карис по повикот.
Литванскиот претседател Гитанас Наузеда му рекол на Бајден дека трајното стационирање на американската војска во неговата земја би било „најефикасно“ за одвраќање и безбедност во регионот.
Западот ја предупредува Русија дека ќе се соочи со долгорочни последици доколку го нападне својот сосед, додека Кремљ негира планови за напад, додавајќи дека Западот е зафатен од русофобија.
Тие велат дека проширувањето на НАТО е во спротивност со ветувањата дадени во 1991 година по распадот на Советскиот Сојуз и претставува закана за Русија.
Ново на Сител
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
