Бабовски: Навреме исплатуваме субвенции, така ќе продолжиме
Навремената исплата на субвенциите ја практикуваме целиот овој период, истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, кој присуствуваше на закројувањето на винови лози во месноста Лепово, по повод денешниот празник „Свети Трифун“, кој се смета за заштитник на лозарите.
– Годинава исто така не го чекавме празникот „Свети Трифун” за да се исплатат субвенциите, ги исплативме многу порано. Исплативме скоро десет милион евра за поддршка на лозарите за одржување на нивните лозови насади, за примена на агротехнички мерки, купување на заштитни стедства, ѓубрива, така што истата пракса ќе ја продолжиме и натаму не само кон лозарите, туку и кон сите земјоделци во Република Македонија, нагласи Бабовски, честитајќи го празникот „Свети Трифун” кој носи благодет.
Директорот на винарската визба „Тиквеш” во чии лозја се закројуваше, Радош Вукичевиќ рече дека очекува уште една плодна година.
– Очекувам годинава да работиме рамо до рамо со лозарите, уште од сега, да не се гледаме два дена пред берба. Да ги решаваме проблемите навреме, да ги примениме најсовремените лозарски практики, да произведеме врвно грозје, што ќе ни овозможи да произведеме врвно вино, нагласи директорот на винаријата.
Тој очекува годинава тоа да биде едно од најнаградуваните вина во земјава, Југоисточна Европа и пошироко.
Ново на Сител
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен
-
Општините повторно може да аплицираат за пари од државата за инфраструктурни проекти