-->
-->
Азербејџан се закани со уништување на ерменските ракетни системи Ѕ-300
-->

Вооружените сили на Азербејџан ќе ги уништат противвоздушните ракетни системи Ѕ-300 на ерменската армија, која се движи кон Нагорно Карабах, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, полковник Вагиф Даргахли.
– Според нашите разузнавачки податоци, противвоздушните ракетни системи Ѕ-300, кои го покриваат воздушниот простор на Ереван се повлечени од борбената должност и се движат кон окупираните територии (Нагорно Карабах). Соопштуваме дека ги чека судбината на уништена воена техника на ерменската војска во Нагорно Карабах, нагласи Даргахли.
Тој истакна дека последните борби „уште еднаш покажуваат дека митот за непобедливоста на ерменската војска е неоснован”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
