Азербeјџан прогласи едностран прекин на огнот во Нагорно Карабах, Но Ерменија наведува дека борбите продолжуваат
Азербејџан прогласи едностран прекин на огнот во Нагорно Карабах по најтешките бобрби од завршувањето на војната за оваа територија пред 22 години, истовремено прецизирајќи дека ќе реагира при евентуален напад врз неговата војска, пренесо француските медиуми.
Портпаролот на ерменските сепаратисти, меѓутоа, непосредно по ова изјави дека борбите не се прекинати.
-Значајни судири има во југоисточниот и североисточниот сектор на границата, изјави Давид Бабајан, портпарол на „Министерството за одбрана“ на Нагорно Карабах.
Истото соопштение го лиферува и Министерството за одбрана на Ерменија, цитирано од ТАСС.
„Давајќи му отпор на противничкиот масовен артилериски напад, единиците на армијата на Нагорно Карабах преминаа во контранапад. Борби се водат во југоисточниот и североисточниот сектор долж линијата на судири во Нагорно Карабах. Противникот претрпе значајни загуби и одбиен е неговиот напад. Во борбите се ранети двајца војници на армијата на Нагорно Карабах“, соопшти ерменското Министерство за одбрана.
Уништени се два противнички тенка и едно БТР возило, додаде министерството.
„Како израз на добра волја Азербејџан одлучи еднострано да ги прекине борбените дејствија“, утринава соопшти Министерството за одбрана во Баку, кое, истовремено, предупреди дека доколку ерменските војници не престанат „со своите провокации“, Азербејџан „ќе ги ослободи сите окупирани територии заземени од Ерменците“.
Азербејцанскиот претседател Илхам Алиев изјави дека Азербејџан постигнал голема воена победа во борбите во Нагорно Карабах.
-Тоа беше последната воена провокација од ерменска страна против нашата земја и на непријателот му беше даден достоен одговор, односно врз него беше изведен разбивачки удар, изјави Алиев на заседанието на националниот Совет за безбедност.
Тој додаде дека Ерменија сега „ ги користи сите можности вината да ја фрли врз Азербејцан“.
-Ние за ништо не сме виновни. Одговоривме на провокација и постапивме правилно, рече Алиев.
Тој изјави дека Азербејџан војува на своја земја. „Ако ерменските војници не сакаат да умираат, нека ја напуштат нашата земја“, рече Алиев. Тој подвлече дека Азербејџан поддржува мирно надминување на конфликтот во Нагорно Карабах.
Борбите, што вчера избувнаа, се најтешките судири меѓу Азербејџан и Ерменија од потпишувањето на примирјето во 1994 година, со кое беше завршена војната за Нагорно Карбах, што почна во 1988 година и која зеде 30. 000 жртви.
Стотици илјади лица, главно Азербејџанци, ја напуштија сепаратистичката територија, која сега ја населуваат Ерменци.
Двете земји, се уште, немаат потпишано мировен договор за Нагорно Карабах.
Република Нагорно Карабах, која прогласи независност, досега е призната само од Ерменија , а меѓународната заедница и натаму ја смета за дел од територијата на Азербејџан, забележуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп