Азарбеџанците одобрија продолжување на мандатот на претседателот и проширување на неговите овластувања
Гласачите во Азарбеџан со огромно мнозинство, одобрија зголемување на времетраењето на мандатот на претседателот од пет на седум години, јави ТАСС, повикувајќи се на неконечни резултати од спроведениот референдум.
Според податоците на азарбеџанската Државна изборна комисија, по пребројувањето на 70,2 отсто од гласачките ливчиња, 91,2 проценти го поддржале продолжувањето на претседателскиот мандат.
Соодветниот член од Уставот се дополнува со предлогот претседателот да може да распишува предвремени избори за шеф на државата.
Претседателот првпат добива право да може да го распушти парламентот - според добиените резултати 87,4 проценти од гласачите го поддржале овој предлог за промена на Уставот.
На референумот своето право на глас го оствариле 69,7 проценти од гласачите.
Ново на Сител
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции