Автобусите на ЈСП со неделен возен ред за време на претстојните празниците
По повод претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160 и 180, кои ќе возат по делничен возен ред, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
В сабота (23 април), недела (24 април) и понеделник (25 април) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Утре и во недела, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортниот центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров. Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а понеделник е неработен ден за сите продажни места.
Жичарницата на Водно утре, во сабота и недела ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, а во понеделник нема да работи.
Линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) в понеделник нема да сообраќат, а во останатите празнични денови ќе возат по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, Претседател на движењето ЗНАМ
-
МВР ја објави кривичната пријава, Ковачевски осомничен за злоупотреба на 140.000 евра
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат
-
Таткото на починатото седуммесечно бебе: Го чуваш, го негуваш и за пет дена веќе го нема!
-
Бугарија со предупредување до ЕУ: Прво уставни измени, па интеграција на Македонија