Свет
15. March 2020 - 13:48

Австрија: Забрането е собирање на едно место на повеќе од пет луѓе

Во обид да спречи ширење на новиот коронавирус, властите во Австрија забранија собирање на едно место на повеќе од пет луѓе.

Од вторник се затвораат и ресторантите во државата.

– Австријанците ги повикуваме на самоизолација. Тоа значи контакти само со луѓето со кои живеат, нагласија претходно од Кабинетот на канцеларот Себастијан Курц. 

Ново на Сител