Австралија воведе алатка за жртвите на т.н. одмазничко порно
Австралија воведе национална алатка, наменета да им помогне на жртвите на „одмазничко порно“.
Одмазничко порно или злоупотреба базирана на слики, е споделувањето на експлицитни слики без согласност на личноста која е на нив.
Алатката на австралиската Влада, всушност е национален портал, кој обезбедува совети за тоа како да бидат отстранети спорните слики, известување на властите за злоупотребата и почнување правна постапка.
Австралискиот комесар за еБезбедност изјави дека 20 отсто од Австралијанците на возраст меѓу 16 и 49 години биле изложени на злоупотреба на нивни експлицитни слики на Интернет.
Австралискиот министер за комуникации Мич Фајфилд соопшти дека 4,8 милиони долари се вложени во порталот, за кој изјави дека е прв од таков вид во светот. Такви портали има повеќе, но најчесто тие се дело на невладини организации. Фајфилд, исто така, соопшти дека Владата размислува за воведување граѓански казни за сторителите на вакви дела и за веб страниците кои ги објавуваат спорните слики.
Одмазничкото порно е нелегално во Велика Британија, Канада, Нов Зеланд и Јапонија, како и во повеќето американски држави.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер