Свет
30. October 2021 - 9:07

Австралија го отфрла постепеното укинување на јагленот

 Австралија нема да се приклучи на договорите за постепено укинување на јагленот за време на самитот на Г20 во Рим и Конференцијата на ОН за климатски промени COP26 во Глазгов. Ова денеска го објави весникот „Аустралиан“, повикувајќи се на премиерот Скот Морисон, кој допатува во Рим за да присуствува на состанокот на лидерите на Г20.  

Според весникот, за време на двата самити, Морисон „има намера да ги стави интересите на Австралија на прво место и нема да учествува во договори за запирање на ископувањето јаглен и производството на електрична енергија од фосилни горива“. „Конечното коминике ќе биде изготвено во следните неколку дена, но политиката на Австралија за овие прашања ќе биде кристално јасна: австралиската влада и во Рим и во Глазгов ќе ја стави Австралија на прво место. Сите земји различно пристапуваат кон проблемот, нивните економии се различни, се соочуваат со различни проблеми. Ситуацијата во Австралија е исто така многу поинаква од онаа во Европа и другите земји, рече Морисон.