Аврамопулос: Мигрантскиот систем на ЕУ би може да доживее колапс
Еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос денеска изјави дека Европската унија има време до самитот на 7. март значително да го намали приливот на мигранти кои пристигнуваат во Европа или европскиот систем за прифаќање на бегалците „би можел целосно да се урне“, пренесува БТА.
- Во следните 10 дена потребни ни се видливи и јасни резултати на терен. Во спротивно, постои можност целиот систем да доживее целосен колапс, истакна Аварамопулос по состанокот со претставници на ЕУ во Брисел.
Министрите на земјите-членки на ЕУ денеска имаа состанок во Брисел со цел да го намалат приливот на мигранти и бегалци преку Балканот и да подготват план за претстојната хуманитартна криза.
Состанокот се одржа еден ден откако Австрија предупреди дека е во опсаност иднината на ЕУ на конференцијата со балканските земји во Виена, на која Грција не беше поканета и откако Унгарија најави референдум за мигрантските квоти.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа