АВМУ: Ниту е побарана, ниту е одобрена промена на сопственичката структура на 1ТВ
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска соопшти дека досега од нив не е побарана, ниту одобрена промена на сопственичката структура на 1ТВ.
По пишувањето во дел од медиумите дека 1ТВ има нов сопственик, од АВМУ преку соопштение појаснуваат дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не смее радиодифузер да направи промена на сопственичка структура пред таа да биде одобрена од страна на Агенцијата.
– Воедно, Централниот регистар не треба да впишува промена на сопственичката структура, без одлука на Агенцијата со која се дозволува планираната промена. Досега, од Агенцијата ниту е побарана, ниту пак е одобрена промена на сопственичката структура на 1 ТВ, се наведува во соопштението.
Од АВМУ додаваат дека во изминатиот период презеле низа активности во насока на тоа да се утврди дали оваа телевизија ги исполнува условите и обврските утврдени во Законот.
– Покрај проверката на посебните минимални просторни и кадровски услови, како и исполнувањето на програмскиот концепт за кој е доделена дозволата, Агенцијата е во координација и со Министерството за внатрешни работи во врска со одредени аспекти од работењето на оваа телевизија, велат од АВМУ.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски