-->
-->
Авионско прскање против комарци во Чешиново - Облешево
-->
Во Општина Чешиново - Облешево утре (петок) од 5 до 8 часот ќе се спроведе првото авионско третирање против комарци за годинава.
Согласно програмата, границата на третирање започнува од вливот на река Злетовица во река Брегалница, потоа по течението на река Брегалница до висина на селото Теранци, како и површините помеѓу магистралниот пат М-5 и село Чешиново, почнувајки од село Уларци до село Облешево.
Со авионското третирање, како што информираат од општината, ќе бидат опфатени и населените места Жиганци, Соколарци, Спанчево, Бање, Уларци, Чешиново, Облешево, Бурилчево, Кучичино, Чифлик и Теранци.
Вкупната површина што ќе биде третирана со авинското прскање против комарците изнесува 900 хектари.
Од општина Чешиново - Облешево упатуваат апел до одгледувачите на пчелни семејства да ги заштитат пред и по авионското прскање најмалку 4 часа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено
-
Еден загинат и 27 повредени во судар меѓу автобус и автомобил кај Инџија
-
Со кран се евакуираат станари од покривот на зградата во Чаир | ВИДЕО