Авионот „Солар импулс 2“ слета во Њујорк
Експерименталниот авион на соларен погон „Солар импулс 2“ денеска слета во Њујорк, во последната фаза од својот пат околу светот.
Авионот од швајцарско производство прелета над Статуата на слободата и влезе во градот пред да слета изутринава на њујоршкиот меѓународен аеродром „Џон Ф. Кенеди“.
„Солар импулс 2“, кој има за цел да промовира чиста енергетска технологија, доцна синоќа полета од аеродромот во Пенсилванија.
Според првичниот план, експерименталното летало требало кон „Големото јаболко“ да тргне в понеделник, но поради поројните дождови и бурата со грмотевици во оваа област морало да остане приземјено.
Во рекордниот обид да го обиколи светот без ниту една капка гориво, авионот на соларен погон тргна на своето прво патување во март од Абу Даби, а во текот на летот ги посетуваше Оман, Мјанмар, Кина и Јапонија.
Ново на Сител
-
Судскиот Совет доби двајца нови членови
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Лимани и Камбовски нови членови на Судскиот Совет
-
Мицкоски го доби мандатот да формира Влада
-
Мицкоски бара од Гаши да се извини за изјавата дека Косово е неговата татковина
-
Револтирани стружани со свирежи го одбележаа патронот на училиштето „Браќа Миладиновци“
-
Судиите од Врховен бираат претставник за Судскиот Совет
-
Денеска се затвораат вратите во СДСМ за поднесување на претседателски кандидатури