Авионот кој се урна во Катманду погрешно слетувал

Авионот кој при слетување се урна во Катманду и приоѓал на пистата од погрешен правец, изјави генералниот менаџер на аеродромот во главниот град на Непал, Рај Кумар Четри.
Снимката од разговорот меѓу пилотот и контролата за воздушен сообраќај покажала дека постоела конфузија за тоа од кој правец авионот би требало да слета.
Според менаџерот на аеродромот, пилотот на авионот ни ги следел инструкциите за слетување, кои му ги давала контролната кула и авионот „не бил во линија со пистата како што требало да биде“.
Тој додаде дека од контролната кула неколку пати прашале дали пилотот е добро и оти секој пат одговорот бил „да“.
Авион на компанијата „ЈуЕс-Бангла Ерлајнс“ вчера при слетување во Катманду излета од пистата и се запали. Во леталото имало 67 патници и четворица членови на екипажот, од кои загинале најмалку 50 луѓе.
Според други медиуми, загинале најмалку 38 луѓе, а 23 се повредени.
Ново на Сител
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
