Авиокомпании од цел свет пренасочуваат летови над реонот на Заливот
Откако тие се појавија во медиумите наводи дека САД се подготвуваат да го нападнат Иран, авиокомпании од целиот свет пренасочуваат свои летови за да се избегне воздушниот простор над Иран.
Американски „Јунајтед ерлајнс” прв објави дека лет од Њуарк до Мумбај во Индија, кој поминува низ дел од иранска територија, е одложен поради зголемените тензии.
Потоа се огласи и Федералната администрација за авијација на САД, која издаде забрана за сите американски авиокомпании да летаат низ иранскиот воздушен простор.
Покрај Јунајтед, и „Делта ерлајнс” и „Американ ерлајнс” потврдија дека летовите се пренасочени од територија на Иран.
Националната авиокомпанија на Австралија „Квантас” објави дека летовите кои одат кон Блискиот исток ќе го заобиколуваат Ормуз и Оманскиот Залив, откако Иран собори американско беспилотно летало во областа.
Поради тоа, ќе има мали промени во летовите помеѓу Велика Британија и Австралија.
Сајтот за следење летови „Флајтрадар 24″ објави дека „Катар ервејз” и „Емирати” не заобиколуваат подрачје за кое ФСС издаде предупредување.
Забраната на ФАА се однесува само за американските авиопревозници.
Портпаролката на холандската авиокомпанија КЛМ изјави дека нивните авиони веќе не летаат над Ормуз.
Меѓу компаниите што избегнуваат простор над Ормуз се „Малезија ерлајнс”, “Јапонски авиолинии“ и „АНА”.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање