-->
-->
Авганистан: Шеснаесет рудари загинаа во сообраќајна несреќа
-->
Најмалку 16 рудари од рудник за злато загинаа, а седуммина се повредени во сообраќајна несреќа во северен Авганистан, соопштија денеска локалните власти.
Инцидентот се случил во областа Чах Аб во провинцијата Тахар, изјави портпаролот на полицијата Абдул Мобин Сафи. Тој додаде дека жртвите биле на пат кон нивното работно место, превезувајќи се со пикап, јави ДПА.
Шефот на Одделот за информации и култура на провинцијата, Забихулах Ансари, изјави за ДПА дека нивното возило излетало од патот и се превртело поради невнимателноста на возачот.
Некои од повредените се во критична состојба.
Илјадници луѓе годишно умираат во Авганистан поради лошите услови на патиштата, ограниченото одржување на возилата и несовесното возење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата