Аваз: Норвешки модел или поправен испит за влез во ЕУ

Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) објави документ во кој се сугерира дека приближувањето на балканските земји кон ЕУ треба да биде по модел на Норвешка. Тоа значи дека земјите од регионот би имале поголеми економски привилегии за напредок со реформите, додека формалното влегување во ЕУ ќе биде нешто на што ќе се чека. Според ЕСИ, ова, сепак, е подобар пат од сегашниот.
Сараевски „Дневни Аваз“ по тој повод пишува дека ЕУ разгледува нов пристап за прием на државите од регионот, така што би биле враќани на „поправен“. Весникот пишува дека ЕУ се повеќе ја разгледува можноста секоја од земјите од регионот што се стремат кон ЕУ да биде вратена еден или повеќе чекори назад во процесот.
Праксата на „буткање“ или враќање еден или повеќе чекори назад би се применувала за секоја земја во регионот, што не задоволува во некој од реформските сегменти. И така, се наведува, ќе се работи се додека „не се совлада материјалот“.
Весникот пишува дека овој концепт го „туркаат“ група држави собрани околу Франција, додавајќи дека „тие со право укажуваат дека процесот за проширување, спроведен досега, е во целосен ќорсокак“. По уште едно одбивање на Северна Македонија и Албанија, се интензивираа дискусиите во рамки на институциите на ЕУ, но и меѓу земјите-членки, пишува „Аваз“.
Унијата, од една страна, не сака да мине на натамошно проширување затоа што, според весникот, сè уште ги „мами“ земјите што се придружија пред десетина и повеќе години. На пример, Романија, која влезе во ЕУ во 2007 година, дури и сега е под посебен режим на ЕУ, бидејќи нејзините ефекти во борбата против корупцијата се катастрофални.
Од друга страна, велат, Балканот е важен и не треба да се остава целосно на цедило. Мора да се најде некој вид компромис и конструктивен начин за излез од сегашната блокада на процесот на проширување, пишува, додавајќи дека, според сегашното расположение, мај следната година би можел да биде најреалниот момент за објавување нова стратегија за Западен Балкан.
За тогаш е планирана нова расправа за регионот на Советот на Европа, тело што ги собира шефовите на држави или владите на земјите-членки на ЕУ. Потоа, Хрватска, која ќе го преземе претседателството со Унијата од 1 јануари, ќе организира нов самит ЕУ-Западен Балкан.
Повикувајќи се на дипломатски извори, „Аваз“ пишува дека ЕУ е свесна дека процесот на проширување треба да се задржи, но и да се освежи. Прашањето е само на кој начин.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
