Асфалтирање на четири улици во Стопански двор
Во населбата Стопански двор во општина Ѓорче Петров се работи на асфалтирање четири крака од улицата „51“. Се асфалтираат краците 1, 2, 3 и 4 со вкупна должина од 620 метри и широчина од 4 метри, соопшти денеска општина Ѓорче Петров.
Предходно, на тие улици беше поставена фекална канализација со што е решен долгогодишниот проблем на граѓаните кои мораа да користат септички јами.
Работите ги изведува „Македонија пат“ и целосно треба да завршат до крајот на следниот месец. Средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и општина Ѓорче Петров.
Од општината најавуваат дека ќе се работи и на асфалтирање на краци на главната улица во Волково. Набргу треба да започнат градежни работи во населбата Кисела јабука каде што ќе се асфалтираат краци на улиците „ 10“ и „ 46“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови