-->
-->
Aсфалтиран дел од патот до езерцето Калин Камен во Крива Паланка
-->

Заврши реализацијата на проектот за изградба на општински пристапен пат од Ловечка куќа до Езерце, Калин Kамен.
Асфалтирани се два километра од вкупната должина на постојниот пат до месноста Езерце - Калин Камен кој изнесува три километри 104 метри.
- Асфалтирани се два километра од патот, финансираше АФПЗРР, а аплицираме како општина преку Североисточен плански регион. Со ова е овозможен побрз и полесен пристап до живописниот предел на Калин Камен и до езерцето, изјави градоначалникот Арсенчо Алексовски.
По целата должина е ископан канал за одводнување, а долж главната траса на неколку локации се поставени бетонски цевки за одводнување.
Алексовски потенцира дека во иднина ќе се вложува во урбанизација и промоција на локалитетот како туристичка дестинација.
- Во тек е и изработка на урбанистички план каде е предвидено да се градат викенд-куќи, ресторани и хотели, со што туризмот во овој крај ќе може да заживее, дополни Алексовски и најави асфалтирање на нови 700 метри од патот, проект кој ќе се аплицира преку Североисточниот плански регион, а ќе го финансира Биро за рурален развој.
Ова е еден од трите приоритетни патни правци изградени во општината годинава. Во село Жидилово е асфалтиран пат во должина од еден километар, а беше изгарден и комплетно нов пат со вкупна должина од околу 2,3 километри до манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски. За трите патни правци беа вложени околу 45 милиони денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
