Асфалт и бекатон на улиците во село Горно Којнаре
Со поставување асфалт на површина од околу 2.700 метри квадратни денеска во селото Горно Којнаре беше означено завршувањето на изградбата на главната улица и почеток на поставување на бекатон плочки на три улици во вкупна должина од околу 480 метри по улиците на селото, во рамки на проектот „Акции во заедниците“.
Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, на денешното означување на почетокот на вториот дел од проектот, истакна дека асфалтирањето на улицата во Горно Којнаре е проект кој се реализира преку програмата за тековно одржување, реконструкција и санација на улиците во општина Куманово, додека поставувањето на бекатон плочки на споредни улици се реализира преку проектот на МЦМС „Акции во заедниците“.
- Претходно се одржани неколку работилници, дебати, каде што граѓаните ги изразија своите ставови за подобрување на условите во местото на живеење, при што гласаа и се направи пресек и за продолжување на асфалтирањето на главната улица во селото и на неколку улици со бекатон плочи ќе бидат изработени од МЦМС и британската амбасада како финансиер, изјави Дамјановски.
Во рамките на овој проект, општина Куманово распиша конкурс при што аплицираше со проекти за четири селски заедници и врз основа на критериумите беа избрани два, во Горно Којнаре и во Умин Дол. Вкупната инвестиција која ја обезбедува МЦМС, преку Британската амбасада за делот на поставувањето на бекатон плочки изнесува два милиони денари.
- Концепцијата беше граѓаните преку групни сесии и дебати, најпрвин да предложат кои им се клучните проблеми во самата заедница, а потоа низ процес на анализи и консултации на третата групна сесија да гласаат кој е нивниот клучен приоритет. Беа предложени четири проекти од кои за два проекти граѓаните се изјаснија со еднаков број гласови за двата проекти. Општината излезе во пресрет и го презема финансирањето на главната улица во населеното место, додека МЦМС со свои фондови од Британската амбасада финансира реализација на околу 480 метри поставување на бекатон плочки по улиците на Горно Којнаре, рече Димче Митревски, преставник на МЦМС. Тој ги повика жителите и во иднина да практикуваат учество во носењето на одлуки на локално ниво.
Поставувањето на бектон плочки ќе заврши за десетина дена.
Селото Горно Којнаре има околу 250 куќи со 1.000 жители.
Ново на Сител
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за Груби
-
ДКСК на второ место согласно Извештајот за транспарентноста на државните институции за 2024
-
Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик
-
Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби
-
Фон дер Лајен: Во геополитички променет свет ЕУ мора да промени некои работи за да ги одбрани своите вредности