-->
-->
Асад со указ нареди формирање на новата сириска Влада
-->
Сирискиот претседател Башар ал-Асад издаде указ за формирање нова сириска Влада, јави агенцијата САНА, повикувајќи се на пораката што Асад ја објави на Твитер.
Како што наведува сириската агенција, местото премиер го доби поранешниот министер за енергетика Имад Хамис, кому е понудено да го формира својот кабинет од министри.
Истовремено, министрите за одбрана и за надворешни работи останаа непроменети, како и министерот за помирување, пренесоа руските медиуми.
Од Министерството за информации е соопштено и дека новите претставници на опозицијата не влегоа во составот на новата Влада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?