Фудбал
1. August 2016 - 15:39

Арсенал супериорен во победата над мексиканскиот Чивас Гвадалахара

 
 Екипата на Арсенал забележа убедлива победа со 3:1 во пријателскиот натпревар против мексиканскиот тим Чивас Гвадалахара.
 
На средбата одингана во Карлсон, САД, англискиот премиерлигаш одигра фантастичен натпревар, во кој избраниците на Арсен венгер постигнаа три гола, а уште најмалку четири изгледни можност да ја затресат мрежата на мексиканската екипа.
 
Серијата на голови ја започна Роб Холдинг во 34-минута, што беше негов „првенец“ во дресот на „топчиите“. 
 
По само пет минути игра во второто полувреме Окслејд Чембрлејн со прекрасен гол зголеми на 2:0, а во 61-минути веќе беше 3:0 за Арсенал откако Чуба Акпон се запиша во листата на стрелци. 
 
До крајот на мечот Чивас Гвадалахара преку Залдивар од пенал во 74-минута само успеа да го ублажи поразот.