Loading Video...
Фудбал
28. јуни 2020 - 16:10

Арсенал преку Шефилд Ј. до полуфиналето на ФА Купот

Арсенал е вториот тим кој се пласира во полуфиналето на ФА Купот.  „Топчиите“ забележаа минимална победа над Шефилд Јунајтед со 2-1.
 
Арсенал поведе со голот од пенал на Николас Пепе во 25.минута. 
 
Во финишот на мечот беа постигнати уште два гола. 
 
Прво МекГолдрик во 87-минута го израмни резултатот.
 
 Дани Себаљос во првата минута од судиското дополнение (90+1) беше стрелец на победничкиот гол за Арсенал вреден пласман во полуфиналето.