Арсен Дедиќ во критична здравствена состојба
Доајенот на хрватската и екс-југословенската музика Арсен Дедиќ се наоѓа во критична здравствена состојба, јави инфо сајтот Индекс, повикувајќи се на извори во Клиничкиот центар во Загреб, каде легендарниот пејач и композитор е хоспитализиран пред две недели.
Според ХИНА, задравствената сосотјба на 77-годишниот Дедиќ „драстично се влошила“ во последните 24 часа.
Дедиќ беше хоспитализиран пред две недели поради сепса што се појавила откако му бил вграден вештачки колк.
Според медицински извори, имајќи предвид дека на Дедиќ претходно му бил пресаден црниот дроб и примал имуносупресиви, постоел зголемен ризик од појава на инфекција по последниот оперативен зафат.
Во моментов Дедиќ се наоѓа на одделението за интензивна нега на Интерната клиника при загребскиот Клинички центар.
Дедиќ веќе десетина години се соочува со здравствени проблеми.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?