АРМ: Теренската вежба „Македонски Блесок-13“ извршена на највисоко професионално ниво
Предвидените активности на теренската вежба „Македонски Блесок-13“, на која се реоценуваат средната батаљонска чета и ренџерската чета, согласно НАТО концептот за оперативни способности-Ниво 2, се извршени на највисоко професионално ниво.
Ова денеска го соопшти АРМ повикувајќи се на иницијалното соопштување на оценките на командантите на декларираните единици од страна на набљудувачите и директорите на оценувањето.
Оценуваните единици на АРМ извршуваа комплексни и сложени борбени задачи согласно листата на инциденти зададени од страна на оценувачкиот тим, при што беа оценети во пет различни области: планови, операции, логистика, врски и администрација. Декларираните единици демонстрираа процедури при обезбедување на база, кордон и пребарување, реакција на заседа, пешадиски напад на база, борбена патрола, инфилтрација и ексфилтрација со хеликоптер Ми-17, патролирање и воспоставување на контролна точка, формирање на мобилна контролна точка и други.
По завршеното оценување, единиците од составот на средната пешадиска бригада во понеделник ќе изведат тактичка вежба со боево гаѓање „Засилен пешадиски баталјон во напад“ на која ќе го демонстрираат нивото на обученост за извршување на борбени задачи.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата
-
Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините
-
Жителите на Оревоец судски и со блокади против ископ на материјал од страна на Бехтел и Енка
-
Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
-
Преглед на вестите од светот