АРМ одбележува 25 години од формирањето
Армијата на Република Македонија денеска одбележува 25 години од формирањето.
Централната свеченост е најавена за вечер во 19 часот на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, во присуство на претставници од државни институции, локални самоуправи, амбасади, граѓански здруженија и други.
На свеченоста, според најавата од Канцеларијата за односи со јавност на АРМ и МО, се најавени обраќања на претседателот Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по што ќе бидат одликувани командата за обука и доктрини, баталјонот за почести и четвртиот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада.
На почетокот на централната прослава од касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна стрелба со испалување 10 плотуни од артилериски орудиа.
На централната свеченост и престојат низа активности. На градските гробишта во Бутел во Скопје повеќе делегации со воени почести ќе положат венци со цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.
На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, пак, од девет до 19 часот, ќе биде поставена целодневна изложба на борбени средства, техника и воена опрема на АРМ. Во текот на изложбата ќе бидат изведени и показни вежби од страна на припадниците на полкот за специјални намени, баталјонот за почести и центарот за обука и дресура на кучиња.
Во армиските гарнизони ќе се одржат воени свечености проследени со тактичко технички збор на вооружување и опрема на единиците. Пред зградата на МО и ГШ на АРМ ќе се одржи и свечен собир на вработените и ќе биде положено цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001 година. На свеченоста ќе бидат прочитани и наредбите за унапредените, наградените и пофалени припадници на ГШ на АРМ и МО, а пред стројот обраќање ќе има министерката за одбрана.
На 18 август 1943 година на Славеј Планина, во областа Дебарца, беше формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Денот на формирањето на баталјонот се смета за роденден на АРМ.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза