Априлијада под мотото „Скопје се смее“
Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје во понеделник на плоштад Македонија организира детска журка Априлијада „Скопје се смее“, за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на Град Скопје.
– Забава со маски, песнички, игри, забава со модерен балет и останатите секции на ДКЦ „КАРПОШ“, Златно славејче, танцови групи од основните училишта, фотографирање на голем фото ѕид заедно со супер хероите: Спајдермен, Ајронмен, Супермен,Бетмен. Многу насмевки за децата и музички дел со мото „од дете за дете“. Учество ќе земат и децата кои ги освоија нашите срца, а освојуваат и многубројни награди во својата категорија, тоа се децата со Даунов синдром од „Трисомија21“. Годинава објавуваме конкурси до основните училишта за најдобра маска и карикатура за кои следуваат дипломи, се вели во соопштението на ДКЦ „Капрош“.
Априлијадата „Скопје се смее“ е поддржана од Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов.
Ново на Сител
-
Студентите оддадоа почит на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, за влакно спречен инцидент
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд
-
Над 20 осомничени
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Мицкоски: Само 12 ноќни клубови легално работат во државата, се ќе затвориме
-
Расте бројот на повредени во дискотеката во Кочани кои се хоспитализираат
-
Во 9 странски држави хоспитализирани повредени од пожарот во Кочани