Апостолска во посета на „Амфенол“: Нови инвестиции и работни места во компанијата
Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска вчера ја посети американската компанија „Амфенол“ во Кочани, при што се сретна со дел од менаџментот и направи обиколка на производствените погони со цел да се запознае со инвестициските проекти кои се во тек, како и и со самиот производствен процес на жичани склопови кои наоѓаат широка примена во автомобилската индустрија.
„Амфенол“ е една од компаниите со кои Владата на Република Северна Македонија има потпишано Договор за финансиска поддршка за капитални инвестиции во нови машини и опреми, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
На средбата со извршниот директор на компанијата Сашко Наков, министерката Апостолска беше информирана за тековните инвестиции, за проширувањето на производствените капацитети со нови машини кои во себе интегрираат современа технологија, како резултат на што се очекува да продолжи позитивниот тренд на раст на производството и отворањето на нови работни места.
„Амфенол е одличен пример за имплементирањето на мерките од Законот за финансиска поддршка кои се насочени кон стимулирање на нови инвестициии и за тоа како тие се одразуваат позитивно врз отворањето на нови работни места и растот на производството, односно даваат позитивен импакт и на севкупниот извоз од земјава“, рече минисерката Апостолска, притоа истакнувајќи дека компанијата има големо значење за локалната економска динамика, со тоа што реализира инвестиции кои создаваат повисока додадена вредност и отвораат нови работни места испраќа охрабрувачка порака до граѓаните од истокот на земјава својата егзистенција да ја гледаат во Северна Македонија.
продолжување на соработката во иста насока, изразувајќи очекување дека во иднина ќе ги надминат плановите и со нови проекти кои претходно не биле планирани.
Министерката Апостолска беше информирана за грижата на компанијата за вработување на млад стручен кадар, за која цел веќе се спроведуваат програми со локалните образовни институции, како и за континуираната квалификација и доквалификација на вработените.
„Зајакнувањето на интеракцијата помеѓу образованието и стопанството, со цел да дојде до приближување на понудата и побарувачката на квалификувана работна сила, има фундаментално значење за кокурентноста на севкупното стопанство. Затоа како Влада посветено работиме на реализирање на проекти за дуално образовние и подигање на нивото на пракса во програмите за средно стручно образование, односно на учење преку изведување на практична работа во компаниите. Гледано на долг рок, во севкупниот образовен и едукативен процес континуирано се усогласуваат Програмите за образование, за доквалификација и преквалификација, следејќи го бизнис секторот како одговор на неговите потреби“, истакна министерката Апостолска.
Ново на Сител
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово
-
Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво
-
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик