АПЕЛ ЗА ПОМОШ: 35 годишната Даниела се бори со тешка болест, ме отпишаа а јас сакам да живеам за децата!
Oд една страна сурова болка, тешка горчина, врели солзи, од другата единствена надеж, разгорена желба за живот, голема одговорност како мајка, сето ова но и многу повеќе ја дефинира тешката судбина на 35 годишната Даниела Спасовска од скопско Марино. Низ солзи ни раскажа за голготата низ која поминува од 2019 година, откако и е дијагностициран рак на дојка. Потребни се уште снимања, а јас не можам да си дозволам. А те фрлаат од врата на врата само, никој не те гледа. Пред време се откажуваат од мене, вели Даниела. Како последица од зрачењата на кичмата почнал да и откажува едниот бубрег. Матастазите се прошириле и на малата карлица, но гинекологот не смее да ја оперира, тоа може да го направи само онколот. Зад себе има три операции и бројни метастази, три месеци е врзана за кревет, но и тоа не ја обесхрабрува да го чекори овој трнлив пат полн со надеж за оздравување.
Даниела има три дечиња, од кои едното е 14 години, другото 12 и третото осум, едно синче и две ќеркички. Со сопругот Игор е веќе 15 години во брак. Од среќно семејство болеста на Даниела дома сите ги покосила и им го направила животот пекол.
Вели ме отпишаа но таа со сите сили се труди да ја победи болеста и да застане на нозе. Не само заради себе, туку и заради нејзините три дечиња, на кои им е потребна мајка. Даниела е свесна дека од судбината не се бега, но и дека надежта постои и токму затоа бара помош од хуманите граѓани.
Даниела не може да отвори телефонска линија за донирање, но ги моли сите хумани, средства да донираат на жиро сметката од нејзината мајка. 320500026947066 Централна кооперативна банка на име на Снежа Стојчевска или можете да ја контактирате директно на телефонскиот број 078466478.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
