Апасиев со инсајдерска информација за сите оние кои се плашат од казни за пописот
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев по првиот изминат ден од пописот објави инсајдерска информација за сите оние граѓани кои се плашат од казни за пописот.
- ЗА ОНИЕ КОИ СЕ ПЛАШАТ ОД КАЗНИ...
Инсајдерска информација од попишувач на терен во Државниот завод за статистика: „Здраво, бидејќи обичниот народ се плаши од казни, граѓаните треба да знаат дека ние имаме само АДРЕСИ од Катастар, но не знаеме кој живее во куќите/становите - се додека лицето самото не се идентификува. Па, како би можеле ние да казнуваме, кога немаме такви информации, а ни овластувања!? Може да излезе кираџија или гостин, а не газдата на станот.
Инаку, на првиот ден имавме константен недостаток и проблеми со апликацијата за попишување“ - напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?