Тенис
30. January 2016 - 12:24

АО: Сензационална победа на Кербер

Германката Анџелика Кербер е победник на ОП на Австралија во тенис откако направи сензационално изненадување совладувајќи ја во големото финале  фаворизираната Серена Вилијамс со 6-4,3-6 и 6-4.

Со тоа не и дозволи на Американката да дојде до 22-рата Грен Слем титула и да се израмни со Штефи Граф. 
Ова е прво финале и прва Грен Слем победа за Кербер која е прва Германка која освоила престижен турнир  од 1999 година кога Штефи Граф освои Грен Слем. 
Со овој триумф Кербер ќе избие на второто место на ВТА листата.