Анти-геј пратеник од Литванија фатен со гол маж за време на онлајн дебата
Истакнат литвански пратеник, познат по своите ставови против „нетрадиционални“ бракови и ЛГБТ-права беше уловен со гол маж во својот дом, откако несакајќи ја вклучил камерата додека учествувал на онлајн парламентарна средба.
Случајот со Петрас Грацулис, пратеник од десничарската Партија на редот и правдата, бил забележан на кратко видео од седницата на комитет од собранието.
На снимката, која сега веќе е широко распространета на интернет, зад политичарот се појавува гол човек, кој зад неговото рамо гледа во екранот.
Претседателот на комитетот предупредил дека настанот може да предизвика проблеми за парламентот, додавајќи дека главното прашање е зошто тие се полуголи во текот на работното време.
„Секако дека можеме да кажеме дека се работи за нечиј личен живот, но конкретно оваа личност е поврзана со парламентарен состанок“, рече Витаутас Јуозапаитис.
Пратеникот првично тврдеше дека човекот е негов син. Сепак, тој очигледно ја сменил својата приказна, потоа тврдејќи дека тоа всушност е новинар, по има Андриус Тапинас, кој според неговите зборови, го прогонувал веќе подолго долго време. И покрај фактот дека човекот во видеото не личи на Тапинас, политичарот имплицираше дека то го сменил изгледот или ја монтирал неговата појава за време на состанокот во живо.
„Ме прогонува насекаде, не е ни чудо што ме стигна и овде овде“, додал Грацулис.
Пратеникот е познат како најпосветен анти-ЛГБТ законодавец во земјата, а во 2012 година рече дека сите хомосексуалци треба да ја напуштат Литванија.
Една година подоцна, тој испрати панталони со заден патент до локална група за геј права како наводен подарок.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален