Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
Последното истражување за Западен Балкан што го спроведоа Центарот за анкетни истражувања (CISR) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува широка поддршка од граѓаните во Македонија за приклучувањето кон Европската Унија (ЕУ)
На прашањето дали би го поддржале приклучувањето кон ЕУ доколку денес се одржи референдум, 68 проценти од граѓаните на Македонија се изјасниле дека би гласале за.
Анкетата е спроведена во Македонија. Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово , Црна Гора и Србија во периодот меѓу 2 февруари и 5 март 2024 година, соопшти ИРИ Македонија.
Силно мнозинство кое би гласало за приклучување кон ЕУ има во пет од шест земји на Западен Балкан и тоа најголема поддршка од 92 отсто има во Албанија, 68 проценти во Босна и Херцеговина, додека во Србија, приклучувањето кон ЕУ го поддржуваат над 40 отсто од граѓаните.
„Постои силна желба низ Балканот за зајакнување на врските со западните економии и за приклучување кон ЕУ. Оваа широка поддршка покажува дека луѓето од целиот регион веруваат дека понатамошната интеграција во Европската Унија може да помогне за постигнување одржлив просперитет“, изјави Пол Мекарти, директор за Европа во ИРИ.
Според истражувањето за сите граѓани на Западен Балкан приоритет имаат економските прашања.
Анкетата на Центарот за анкетни истражувања и на Меѓународниот Републикански Институт покажува дека за македонските граѓани економијата и корупцијата се најголемите проблеми со кои се соочува државата.
Во проценти, 31% од Македонците ги сметаат високите цени и инфлацијата за најголем проблем, додека на второ место е корупцијата за која загриженост има кај 22% од граѓаните.
Високите цени и трошоците на живот претставуваат најголема грижа за граѓаните и во другите пет земји од Западен Балкан, со исклучок на Албанија каде главен проблем е невработеноста. Корупцијата ,пак, се појавува како еден од првите три проблеми во сите шест земји во овој дел на Балканот.
Истражувањето опфаќа повеќе сегменти, меѓу кои и прашањето на кој политичар или јавна личност најмногу му верувате. Во Македонија процентуално најголема популарност ужива лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со 14%, по што следуваат Али Ахмети, Максим Димитриевски и Стево Пендаровски со по 5%.
Граѓаните биле прашани и во кои институции имаат најголема, а во кои најмала доверба. Според истражувањето на ИРИ, македонските жители (25%) најмногу им веруваат на верските институции и армијата (16%). Најмала доверба имаат во политичките партии, парламентот и судовите.
76 отсто од граѓаните во Македонија сметаат дека судството нема волја или желба да се бори против корупцијата, што ги одразува масовните скандали што го потресоа судството во изминатите неколку години.
За односите со другите држави и која земја ја гледаат како најголем сојузник, 34% од Македонците ја гледаат Србија како најблизок пријател, додека по неа се САД со 17 и Турција со 12% поддршка. Како најголема закана, македонските граѓани (23%) ја гледаат Бугарија, додека Русија е на второ место и неа како закана ја гледаат 12% од испитаниците.
Истражувањето за Западен Балкан на Центарот за анкетни истражувања и на ИРИ е спроведено во периодот меѓу 2 февруари и 5 март 2024 година.
Незаобиколна тема од анкетата се и случувањата во Украина. Истражувањето покажа дека мнозинството во пет од шесте анкетирани земји верува дека руската војна против Украина е целосно или донекаде неоправдана. Во Србија, пак, повеќето од 49 отсто целосно или донекаде ја оправдуваат Русија.
„Иако овие бројки се претежно позитивни, српските одговори се вознемирувачки. Доколку мирот и безбедноста се долгорочни цели на Балканот, подобра опција за Србија ќе биде да ги отфрли руските предлози и да изгради посилни врски со Западот“, изајви Пол Мекарти директорт за Европа во ИРИ.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила