Црна Гора бара 14.000 работни - Сместување, храна и 1.500 евра плата!
Работодавците во Црна Гора годинава во нивниот Завод за вработување пријавиле дека имаат повеќе од 20.000 слободни работни места, од кои повеќе од 18.000 се на одредено време, односно за сезонски дејности во текот на летната туристичка сезона. Повеќе од 60 отсто, односно околу 14.000 работни позиции се во приморските општини во Црна Гора.
Како што пишуваат црногорските медиуми, најмногу слободни работ места има во туризам и во угостителство, како и во администрација, услужни дејности, трговија на големо и мало. Времетраењето на овие работни позиции е до почетокот на есента, кога завршува туристичката сезона во земјата.
- Сепак, од искуствата што ги имаме досега, значаен е бројот и на работниците што остануваат да работат и по туристичката сезона, а има и такви што успеваат да склучат договори и за работен ангажман на неодредено време. Од година в година расте бројот на работодавци, се отвораат нови хотели, ресторани, а тоа привлекува и нови работници. Иако туристичката сезона трае околу шест до осум месеци, значаен број угостителски објекти и хотели успеваат солидно да работат и во текот на целата година - стои во изјава од Заводот за вработување за Б92.
Најмал интерес има за работните места во земјоделството. Условите за работа се тешки, а дејноста се одвива на отворено под сонце, што во текот на летните месеци не е едноставно. Затоа повеќето од сезонските работници ја избираат опцијата да најдат ангажман на крајбрежјето.
Црногорското министерство за внатрешни работи годинава издало повеќе од 7.000 работни дозволи за странски државјани. Најголемиот број од сезонците од странство се вработуваат како келнери, готвачи, помошници во кујна, собарки, одржувачи на јавни површини, градинари, рецепционери, комерцијалисти за набавки. Солидно се платени оние што имаат соодветна стручна подготовка, како готвачи, месари, пекари, слаткари.
Заработките се различни, во зависност од позицијата на која работат. Солидно се платени оние што имаат соодветна стручна подготовка, како готвачи, месари, пекари, слаткари. Така, некои готвачи заработуваат и по 1.500 евра месечно, а солидно поминуваат и келнерите, кои често својата заработка ја темелат на добиениот бакшиш.
Висината на примањата се различни и од работодавец до работодавец. Така, за собарки, на пример, се нуди плата од 200 евра, со платено сместување и храна, а има и такви што за истата позиција добиваат 400 евра плата, плус гратис три оброци и сместување во текот на целиот работен ангажман.
Ново на Сител
-
33-годишна жена нападната од својот сопруг и свекрвата
-
САД и Јапонија подготвуваат план за распоредување HIMARS на јапонските острови близу Тајван
-
Разбиена најголемата меѓународна пиратска мрежа: 22 милиони корисници и 250 милиони евра месечно
-
Во Велика Британија започна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија, двајца други признаа вина
-
Потвредено обвинението против осомничените за убиството на Данка Илиќ, се бара доживотен затвор
-
Сиљановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него
-
Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски
-
Уапсен германски лекар кој убил осум пациенти