Анкета на ИПИС: Над 80% од граѓаните се против двојазичност на цела територија на Македонија, голема поддршка за „3а заедничка Македонија“
Граѓаните се против воведување на двојазичност во целата држава. 81,8 проценти од анкетираните во рамки на анкетата спроведена од Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), одговорите дека лично не би прифатиле двојазичност на цела територија на Македонија.
Граѓаните не ја прифаќаат и платформата на етничките албански партии со цел нова влада на чело со Зоран Заев. Високи 72,5 проценти одговориле децидно „НЕ“ на ова прашање.
Од испитаниците 54,1 проценти сметаат дека прифаќањето на платформата на Албанците и двојазичноста ќе биде вовед во бинационална држава, поголеми поделби и федерализација.
52,2 проценти од граѓаните кои биле дел од анкетата сметаат дека понудата на Груевски целосно да ја поддржи Владата на СДСМ доколку не ја прифатат платформата на Албанците е искрена понуда за спас на Македонија од федерализација и нови поделби.
Протестите на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ вкупно ги поддржуваат 51 процент од испитаните во кој влегуваат и етничките Македонци и етничките Албанци.
Одвоени по етникуми, резултатите од анкетата покажуваат дека 60 проценти од етничките Македонци и даваат поддршка на граѓанската иницијатива, додека 58 проценти од Албанците не ја поддржуваат.
Анкетата на ИПИС е спроведена во периодот помеѓу 10 и 13 март 2017 година на 1.100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во анкетата се отвора и прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба во моментов“, а одговорите може да ги прочитате ТУКА.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење