Свет
13. July 2016 - 8:39

Анкета: Клинтон зголемува предност пред Трамп

Кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, Хилари Клинтон го зголемуваводството над нејзиниот републиканскаи ривал Доналд Трамп на 13 процентни поени, покажуваат резултати од анкета на Ипсос/Ројтерс.

Клинтон во крајот на минатата недела имаше предност од 10 поени во однос на Трамп.

Во најновата анкета (8-12 јули) се вели дека 46 отсто анкетирани се изјасниле дека веројатно ќе ја поддржат Клинтон, 33 отсто за Трамп додека 21 отсто анкетирани тврдат дека не поддржуваат ниту еден кандидат.